Црна хроника
Приведен дилер од Охрид
Четириесет ичетиригодишен охриѓанец кој продавал дрога на наркозависници во градот е приведен во саботата, соопшти СВР Охрид.
На 04-ти овој месец полицијата извршила претрес во домот на А.Т. при што биле пронајдени 18 грама хероин и 22 грама кокаин. Дрогата била спакувана во помали опаковки завиткани во најлонска кеса и облепени со селотејп трака и сокриени на различни места од куќата и поткровната конструкција.
Покрај тоа, пронајдени биле и една пластична вага, метален калап, метална наковална со клин како и други предмети кои заедно со кокаинот и хероинот се одземени и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.
Против А.Т. е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на опојни дроги, психотропни сустанци и прекурсори“, а судија му одреди мерка притвор до 30 дена.
Од СВР Охрид велат дела пријавениот А.Т. подолго време вршел продажба на хероин и кокаин на наркозависници од Охрид. Против него по слични основи и досега биле поднесувани кривични пријави.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.