Црна хроника
Пронајден женски леш во Вардар, дедо починал при пад од викендичка
Случаен минувач забележал тело во Вардар кај населбата Ќерамидница во Скопје, а еден дедо местејќи ќерамиди во викендичка во битолско, паднал и починал.
Случаен минувач забележал тело во Вардар кај населбата Ќерамидница во Скопје, а еден дедо местејќи ќерамиди во викендичка во битолско, паднал и починал.
Имено, во неделата во 13.45 во ЕИК-Скопје, Б.А.(1992) од населба Ќерамидница-Скопје, пријавил дека по течението на реката Вардар покрај левиот кеј забележал женски леш на возраст од околу 40-45 години, при што влегол во реката и го извадил. Од доктор од екипа на итната медицинска помош констатирана е смрт. На телото на починатата не се забележани траги на насилство. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на обвинителот, телото е предадено на обдукција.Истиот ден, околу 11 часот во село Стрежево, битолско, поточно во викендичка сопственост на С.М.(1935) од Битола, додека менувал ќерамиди на покривот од викендицата, изгубил рамнотежа и паднал од покривот од првиот спрат во висина од околу 7 метри, при што починал на лице место. Од страна на доктор од екипа на итна медицинска помош констатирана е смрт. Со согласност на јавен обвинител, телото на починатиот не е дадено на обдукција./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.