Црна хроника
Пукал на семејна веселба, се погодил во нога

Жител на гостиварското село Горна Бањица во неделата вечерта се застрелал во ногата додека пукал на семејна веселба, соопшти МВР.
Седумдесет идеветгодишниот жител пукал на веселбата со пиштол калибар 9 мм и испукал осум куршуми во воздух. Мислејќи дека веќе нема куршуми, испукал еден куршум кон земја и се погодил во левата нога. Повредениот е пренесен во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен е увид и се преземаат мерки за целосно расчитување и документирање на настанот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведен маж кај Македонска Каменица: возел пијан и излетал од патот

Денеска, околу 02.30 часот на локалниот пат Македонска Каменица- село Дулица, полициски службеници од ПО БПС Делчево го лишија од слобода 65-годишниот М.М. од село Дулица.
Тој управувајќи патничко возило „тико“, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.75 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Уапсен возачот кој вчера удри пешак во центарот на Скопје

Вчера во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Филип Втори Македонски“ во Скопје, патничко возило „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48-годишниот П.А. од Скопје, удрило во пешакот 65-годишниот К.К. од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а П.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен полицаец од Гостивар: го украл накитот и парите запленети при претреси, кои требало да ги чува, приведен е и златар

Вчера во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник, 51-годишниот Д.С. од Гостивар, поради основи на сомневање дека сторил кривично дело казниво по член 353 и 354 „злоупотреба на службената положба и овластување“ од КЗ.
Тој, од шкафот во полициската станица, каде чувал предмети одземени при претреси на кои присуствувал како вработен во крим-техника во ПС Гостивар, украл околу 25.000 евра и златен накит вреден околу 50.000 евра.
Увид во објектот на Полициската станица Гостивар извршил јавен обвинител од ОЈО Гостивар, во присуство на увидната екипа и раководството на ОВР Гостивар.
Исто така, во 20.30 часот на улица „18-ти Ноември“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода И.Ш.(32) од Гостивар, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело ,,прикривање“ односно вршел откуп на украдениот златен накит.
По добиена судска наредба, биле извршени претреси во домови и помошни простории на Д.С. и И.Ш., при што биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичните дела. Двајцата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.