Црна хроника
Раководител крадел дрва од полицијата и одделението за заштита и спасување во Берово
Раководител во подрачното одделение за заштита и спасување Берово присвоил огревно дрво наменето за користење за огрев на објектот на полициската станица и подрачното одделение за заштита и спасување Берово.
СВР ШТИП до ОЈО поднесе кривична пријава против Ј.Г.(62) од Берово, кој во периодот од крајот на минатата до март годинава во повеќе наврати пријавениот како Раководител во подрачното одделение за заштита и спасување Берово му наредил на возачот кој требал да транспортира дрвна маса и истата да се складира за користење во кругот на ПС ОН Берово заеднички објект во кој е сместено и Подрачното одделение за заштита и спасување, да ги истовари дрвата во приватна парцела на пријавениот.
Од таму тој дрвата ги превезувал во сопствениот дом во Берово, со што се стекнал со противправна имотна корист во износ од 74.900 денари, со кој износ ја оштетил Дирекцијата за заштита и спасување, а со истиот износ го оштетил и МВР на РМ ПС ОН Берово, со што е причинета вкупна материјална штета во износ од 159.800 денари. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.