Црна хроника
Расчистен уште еден инцидент во кафуле во Старата скопска чаршија
Расчистен и целосно е документиран инцидентот кој пред една седмица се случи во кафе-барот „Гаџа“ во Старата скопска чаршија и до надлежното Основно јавно обвинителство се поднесени кривични пријави за дела „насилство“ и „тешки кражби на дрзок начин“, информираше во саботата Секретаријатот за внатрешни работи на Скопје .
Кривичните пријави поради основано сомнение дека се извршители на споменатите дела се поднесени против вкупно пет скопјани, на возраст од 19 до 22 години, идентификувани од полицијата со иницијалите М.К. кој е осомничен за извршил три кривични дела и тоа едно ,,насилство“ и две „тешки кражби на дрзок начин“, како и против Ф.Д., Ј.А., М.И. и Р.М. за извршено кривично дело „насилство“.На 4-ти октомври годинава, околу 23.15 часот на улица „Казанџиска“, поточно во кафе-бар „Гаџа“ лоциран во Стара скопска чаршија, осомничените лица извршилe насилство, откако прво влегле во кавга со оштетените бидејќи не биле пуштени во локалот без да платат влезници. Пријавените ги нападнеле лицата од локалот удирајќи ги со боксови и клоци во пределот на главата и телото со што им се нанесени видливи телесни повреди. Додека траел нападот првопријавениот успеал да ги грабне и двете машки црни чанти од оштетените кои ги носеле на себе. Во едната имало две банкноти по 500 евра, 12 илјади денари, еден клуч од автомобил и пасош, а во другата имало 1.750 евра во разни апоени. Потоа сите пријавени со стаклени шишиња почнале да фрлаат кон оградното стакло на локалот кое го искршиле и по кратко време истите заминале со такси возило во правец на населба Топанско Поле, поточно во амбуланта„ Викторија“ каде откако ги земале парите украдените машки чанти ги фрлиле на покривот на амбулантата.По неколкудневна истрага, утврден е идентитетот на осомничените и истите биле лоцирани и приведени. Во службените простории на Полициската станица Битпазар бил извршен службен разговор со пријавените во кој истите го појаснуваат кривично правниот настан, а првопријавениот во целост го појаснил и одземањето на чантите со наведените предмети. Исто така, во службените простории, оштетениот и еден од сведоците на настанот извршија непосредно препознавање, односно соочување со осомничените лица во кои истите ги препознаа како сторители на кривичното дело случено во барот.Инаку, против дел од осомничените и претходно се поднесувани кривични пријави од областа против животот и телото и имотните деликти, кои ги извршиле во периодот од 2011 до 2014 година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.