Црна хроника
Разбојници малтретирале и ограбиле битолчанец

Маскирани разбојници влегле во куќата на 59-годишен битолчанец, физички го нападнале и му одзеле 450 евра.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во сабота околу 21,45 часот во Битола на ул. „Новачки пат“ на место викано „Француски гробишта“ во куќата на Ј.К.(59) две непознати маскирани лица со употреба на физичка сила и остар предмет извршиле разбојништво над него и неговата мајка П.К.(81) нанесувајќи му телесна повреда во пределот на десната рака на Ј.К, при што им одзеле 450 евра.
Во друг случај во Скопје, на ул. „Христо Татарчев“ од куќа сопственост на Б.Ѓ.(42) од страна на непознат сторител со употреба на физичка сила извршена е тешка кражба при што му се одземени часовници и разновиден златен накит при што е причинета материјална штета од околу 400.000 денари.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Насилство на игралиште во Охрид: 15-годишно момче физички нападнато

На 12 септември , во раните утрински часови, околу 02:15 часот, охридската полиција добила пријава за физички напад врз малолетник.
Инцидентот се случил на спортско игралиште во охридската населба Стобекс, каде неколку лица го нападнале 15-годишно момче од градот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. По негово документирање, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Маж од Зајас трагично загина во несреќа со трактор

Педесет и двегодишниот Џ.М. бил најден под трактор во кичевското село Зајас, на шумски пат.
Од извршениот увид констатирано е дека тој, управувајќи го тракторот, изгубил контрола, паднал и бил прегазен од возилото, велат од МВР.
Лекар од Итната медицинска помош од Кичево констатирал смрт без траги на насилство.
Црна хроника
Кумановци осомничени за незаконско снимање на полицијата за време на 2 Август, најдени 15 дронови

Кумановската полиција денес изврши претреси во домовите на Д.Х. (47) и Д.Г. (51), двајцата од Куманово, како и во просториите на фирма во сопственост на Д.Г. Претресите се спроведени поради сомнение за злоупотреба на лични податоци и за неовластено снимање.
Сомнежите произлегле од видео-снимки објавени на социјалните мрежи на почетокот на август, на кои со дрон била снимена зградата на кумановската полиција, службени возила и физичкото обезбедување за време на свеченоста по повод државниот празник 2 Август – Илинден.
При претресот кај Д.Х. е пронајден еден дрон, шест куршуми и неколку нотарски акти и документација, кои ќе бидат предмет на понатамошна постапка. Во домот на Д.Г. се пронајдени 14 дронови.
Со двете лица се извршени службени разговори во полициска станица. Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.