Црна хроника
Родителите на момчето прегазено кај Католичка револтирани поради повторното одложување на судењето
Родителите Иван Белински, момчето коешто на 15-ти ноември минатата година беше прегазено кај Католичката црква во центарот на Скопје, се силно револтирани поради повторното одложување на судското рочиште за фаталната сообраќајка коешто во средата требаше да започне во Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Почетокот на судскиот процес беше одложен поради смртен случај поради смртен случај на судечкиот судија во овој процес, но и поради неприсуство на дела од сведоците.
Таткото на момчето му се обрати на судијата „Закажете го за в година, ние носиме рак-рана на душата“.
Минатото рочиште на 30-ти септември беше одложено поради неизготвено техничко вештачење кое дополнително го бараше одбраната. Вештачењето сега било готово, а детали за стратегијата на одбраната адвокатите најавија на почетокот од судењето.
Следното рочиште е закажано за 15-ти ноември.
Дваесетгодишниот Џенис Мекиќ, кој е обвинет дека со џип „туарег“ со голема брзина го прегази шеснаесетгодишниот Иван Белински не е во притвор, ќе одговара за кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.
Сообраќајката се случи на 15-ти ноември минатата година, а обвинение за случајот беше покренато на 5-ти мај.
Според обвинението, Мекиќ управувал со патничко моторно возило по левата сообраќајна лента од улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје.
Кога дошол на крстосницата со улицата „9-ти Мај“ не ги пропуштил пешаците кои започнале да чекорат на обележаниот пешачки премин.
„Обвинетиот го управувал возилото со недозволена брзина на движење од 100 км на час, која не била приспособена кон својствата и состојбата на патот, атмосферските услови, прегледноста, густината на сообраќајот и другите сообраќајни услови, така што да може навремено да го зaпре возилото пред секоја пречка што во дадените услови може да се предвиди. Со предниот дел од возилото удрил во телото на пешак кој, заедно со уште двајца пешаци, на обележан пешачки премин го поминувале коловозот. Како резултат на ударот и падот на пешакот на коловозот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди што довеле до развивање на трауматски шок, пореметување и престанок на функцијата на важни витални органи и починал“, се вели во обвинението./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.