Црна хроника
Седумдесетгодишник обвинет за полов напад врз дете
Против седумдесетгодишен прилепчанец Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка во четвртокот поради тоа што поради задоволување на полови страсти, и искористувајќи ја семејната близина со жртвата во текот на неколку месеци извршил напади врз дете под 14-годишна возраст.
Обвинителството постапувало во случајот по кривична пријава поднесена од подрачната служба на министерството за внатрешни работи во Прилеп, Основното јавно во врска со пријавата за лице на возраст од 70 години, за сторено кривично дело „полов напад врз дете“ од чл.188 ст.1 од Кривичниот законик.
Лицето се товари дека на точно неутврдени датуми, во повеќе наврати, од почетокот на 2016 година па до почетокот на aприл годинава, заради задоволување на полови страсти, а искористувајќи блиски семејни прилики, извршил полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години.
Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднел предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.