Црна хроника
Шекеринска учествувала во сообраќајката кај Мрзенци, повредена девојка
Потпретседателката на опозициската СДСМ, Радмила Шекеринска учествувала во сообраќајната несреќа што се случи утрово околу 8 часот на на автопатот А1, Скопје – Гевгелија, во непосредна близина до клучката Гевгелија, кај надвозникот во село Мрзенци.
Во сообраќaјната несреќа, како што информираат од СВР Струмица, учествувале џип со скопски регистерски таблици „мицубиши пајеро“ и автомобил „шевролет авео“ со гевгелиски регистерски таблици.Џипот го управувал таткото на Шекеринска, шеесет и осумгодишниот А.Ш., а таа била сопатник, додека автомобилот „шевролет авео“ го управувала дваесет и седумгодишната Б.Т. од село Прдејци. Според досегашните информации, повредена е девојката којашто го управувала автомобилот и со телесни повреди е пренесена во Општата болница Гевгелија. Шекеринска и нејзиниот татко и не се повредени во собраќајката .Увид на лице место изврши увидна екипа од Полициската станица во Гевгелија. Автомото сојузот на Македонија соопшти дека сообраќајот на овој патен правец се пренасочува./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.