Црна хроника
Шест загинати во пад на авион крај Вашингтон
Во пад на приватен авион во приградска населба на Вашингтон, во сојузната американска држава Мериленд загинаа три лица во леталото и три станари во куќата на којашто се удри авионот, објави шефот на локалната противпожарна служба Стивен Лор.
Локалните медиуми пишуваат дека во настраданата куќа живееле вкупно пет лица, двајца возрасни и три деца, од кои едното новороденче. Според сведоци, несреќата ја преживеале маж и дете на училишна возраст.
Според локалниот весник The Gazette, станарите од втората куќа којашто исто така била оштетена во падот минале без повреди. Остатоците од авионот оштетиле повеќе домови во близина на местото на несреќата.
Трагедијата се случила во понеделникот наутро по локално време во предградието Гејтерсберг во округот Монтгомери, кога авионот од типот „Embraer EMB-500“, комерцијален двомоторен авион, требало да слета на локалниот аеродром, но се урнал во станбена зона, соопшти Американската сојузна агенција за воздухопловство (FАА).
Имињата на настраданите не се соопштени, а специјализираната интернет страница FlightAware објави дека авионот бил регистриран во Чапел Хил, во државата Северна Каролина.
Причините за инцидентот се’ уште се непознати. Според очевидци, авионот не можел да се одржи на потребната височина. Националната управа за безбедност во сообраќајот соопшти дека отворила истрага./крај/мф/сн
Извор: NBC News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.