Црна хроника
Скопјанец грабнал малолетничка и се обидел да ја силува
Дваесет и деветгодишен жител на скопската населба Шуто Оризари во петокот навечер во својот автомобил насилно втурнал малолетна девојка од селото Кондово и се обидел да ја силува, соопшти во саботата скопската полиција чии припадници успеале да го пресретнат напаѓачот пред да ја оствари намерата
Во Полициската станица Ѓорче Петров во петокот во 19:50 часот лице од скопското село Кондово пријавило дека претходно околу 17 часот неговата 17-годишна ќерка враќајќи се од училиште, на патот кон селото, кај местото Бошњачко маало, непознато лице од патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки започнало да ѝ довикува да влезе во возилото.
Возачот потоа ѝ го попречил патот, излегол и со насилно ја внел на совозачкото седиште. Потоа се упатил кон мостот на реката Вардар кај селото Сарај, при што запрел и започнал да ја допира малолетничката по градите и телото. Бидејќи таа давала отпор и се бранела, напаѓачот ја тепал и ја префрлило на задното седиште од возилото и се упатило кон село Кондово
Притоа бил пресретнато и сопрен од полициски службеници, а во Полициската станица Ѓорче Петров утврден неговиот идентитет како Б.Џ.(29) од населбата Шуто Оризари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.