Црна хроника
Скопјанец уапсен со 1,5 килограми хероин
Триесет иедногодишен скопјанец е уапсен во населбата Гази Баба со 1,5 килограми хероин. Тој е уапсен во моментот на купување на дрогата, а со него било уште едно лице кое успеало да ѝ избега на полицијата, соопшти МВР.
Двајца скопјани, А.М. (31) и И.Н. (21), на почетокот на декември во близина на општината Гази Баба биле забележани како од непознато лице превземаат најлонска кеса. Припадници на АЛФА се обиделе да ги легитимираат, но истите со возило избегале, при што навлегле во слепа улица во населба Гази Баба, каде А.М. е уапсен , а И.Н. успеал да избега.
При извршениот преглед кај А.М. била пронајдена најлонска кеса со 1.496 грама хероин, а уапсениот одбил да даде појаснување од кого го купил и за кој пазар бил наменет хероинот.
Против него и против И.Н. кој сѐ уште е во бегство е поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. , а судија им одреди притвор од 30 дена.
Инаку А.М. е сторител на тешки кражби на подрачјето на општина Центар, за што во периодот 2002/03 година му се поднесени 33 кривични пријави.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.