Црна хроника
Со нож ранет тапанџија што најавувал ифтар во Струга
Тапанџијата кој најавувал дека започнува времето за ифтар бил прободен со нож од едно лице, кој притоа му го фрлил тапанот во реката Црн Дрим во Струга.
Тапанџијата кој најавувал дека започнува времето за ифтар бил прободен со нож од едно лице, кој притоа му го фрлил тапанот во реката Црн Дрим во Струга.
Ова за агенцијата Макфакс го изјави Сенат Изејроски жител на Струга. Инцидентот е регистриран од страна на СВР Охрид, но засега нема детали за настанот.
Во кусото соопштение се наведува дека во вторникот околу 20,40 часот во Медицинскиот центар Струга, на одделот за хирургија, бил донесен Д.Л.(1936) од Струга, со повреди во пределот на левата страна на вратот (посекотини) нанесени од остар предмет.
Од преземените мерки постојат сомневање дека сторител е Р.Ф.(50) од селото Долна Белица струшко.
Истиот бил приведен во полициската станица во Струга и по целосно расистување на случајот ќе му биде поднесена содветна пријава.
Од СВР Охрид за Макфакс изјавија дека засега не се познати причините и мотивите, како и дека на инцидентот не му претходела вербална расправија. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

