Црна хроника
Соработката меѓу царините на Македонија и Германија придонесе за откривањето на сериозни кривични дела
По откривањето на обидот за шверц на 15 килограми марихуана преку граничниот премин Табановце од страна на царинските инспектори од Одделението за оперативни работи при контрола на германски автомобил, управуван од германски државјанин во март годинава, Одделението за истраги презеде натамошни мерки и активности за откривање на други инволвирани лица во кривично-правниот настан.
Од спроведената истрага на случајот кога во повеќе фабрички делови во германско возило, управувано од германскиот државјанин Ф.В беа пронајдени 15 пакувања марихуана со вкупна тежина од околу 15,5 килограми, беше утврдено дека осомничениот ја набавил марихуаната во западна Македонија и имал намера да ја пренесе во западноевропските земји, по што Одделението за истраги ја продолжи истрагата во координација со Бирото за царински истраги во Германија -ZKА (Zollkriminalamt).
Германските царински инспектори извршиле претрес во домот на осомничениот Ф.В. каде била пронајдена и запленета поголема количина на наркотични дроги (марихуана и амфетамини), оружје (пиштоли и пушка) и одредена сума пaри.
Успешното откривање и спречување на нелегалната трговија со наркотични дроги, е резултат на постојаната меѓународната соработка и размена на информации помеѓу царинските институции на двете земји./крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

