Црна хроника
Спречен обид за нелегално внесување поголема сума девизи
Царинските службеници од граничниот премин Блаце спречија обид за нелегално внесување на 34 илјади евра во државата.
Синоќа околу полноќ, за влез во државата се пријави автомобил марка Volkswagen pasat со српски регистарски таблички, управуван од српски државјанин, придружуван од уште еден српски државјанин.
На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават за царинска контрола, двајцата одговориле негативно.
Поради сомневање во изјавата, лицата и возилото беа селектирани за детална контрола. При контрола на возилото, во касетата пред совозачкото седиште се пронајдени 34.000 евра, а по извршениот личен претрес, кај двајцата патници се пронајдени по 10.000 евра или вкупно 54.000 евра.
За време на службениот разговор, прекршителите изјавиле дека парите му припаѓаат на сопатникот и дека имале намера со нив да платат авио – транспортни услуги во Скопје.
Согласно Законот за девизно работење, по 10 илјади евра, износ кој може слободно да се внесе во државата им се вратени на прекршителите, додека остатокот од 34.000 евра е привремено задржан, а против нив е поведена и прекршочна постапка. /крај/мф/ффс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.