Црна хроника
Спречен шверц на 3.500 аквариумски риби и 600 желки
Царинските службеници спречиле два обиди за шверц на аквариумски риби, желки и храна за истите.
Во првиот случај, мобилните царински тимови во возило со македонски регистарски ознаки пронашле и привремено задржале 3.300 парчиња аквариумски риби, 600 парчиња желки, 200 парчиња растенија за аквариум и 10 килограми храна за желки.При контрола на патничко моторно возило Мерцедес со скопски регистарски ознаки, кое претходно влегло во државата од Бугарија преку граничниот премин Ново Село, извршена околу 180 на влез во Скопје, во багажниот простор, зад возачкото и пред совозачкото седиште пронајдени се 3.300 аквариумски риби (2.000 рипка (неонка), 100 риби чистач, 350 риби караси, 150 риби велифери, 200 риби циклиди и 500 риби бојник), 600 мали желки и 10 килограми храна за желки. Поради специфичноста, рибите и желките веднаш се предадени во Зоолошката градина во Скопје, а против пријавеното лице е поведена прекршочна постапка. Во вториот случај, нешто пред 19 часот на граничниот премин Свети Наум на излез од Република Македонија се пријавиле двајца албански граѓани со патничко моторно возило со албански регистарски таблици. На прашање на царинскиот службеник дали има нешто да пријават за царинска контрола, патниците одговориле негативно. Царинскиот службеник се посомневал во изјавата на патниците и извршил детална контрола на возилото, при што во багажниот простор и во делот зад возачкото и совозачкото седиште пронашол 235 аквариумски риби од видовите скалар, губи, чистачи, циклит, карас и ајкула во 13 најлонски ќеси. Сопатникот во возилото со иницијали Т.Б. (54) изјавил дека тој е сопственик на рибите.Рибите се привремено задржани и сместени во соодветни услови, а против сторителот Царинската управа покрена соодветна постапка./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.