Црна хроника
Српски државјанки работеле како танчерки во околината на Тетово
Полициски службеници од СВР Тетово, во среда изутрината спровеле акциска контрола во четири угостителски објекти, од кои два на тетовското и два на гостиварското подрачје.
При контролата во угостителскиот објект „Енерџи-клуб“, на регионалниот пат Тетово-Сараќино, биле затекнати 10 девојки, од кои девет српски и една државјанка на Република Македонија на возраст од 21 до 45 години биле ангажирани како танчерки и поради сомение дека го злоупотребиле туристичкиот престој во нашата земја, заедно со сопственикот на објектот, приведени се и задржани во Полициската станица Тетово.
Во угостителскиот објект „Ориентал АС“ во Жеровјане, приведени се 15 странски, односно државјанки на Република Србија.
Во двата контролирани објекти на гостиварското подрачје не биле затекнати странски државјанки. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР со опомена до 150 граѓани кои зборувале на телефон додека минувале на пешачки
Во периодот од 26.09.2025 до 07.11.годинава полициските службеници од СВР Скопје издале вкупно 150 опомени за граѓаните. Согласно проценките, динамиката и степенот на информираност и запознавање на граѓаните за измените во законската регулатива, во наредниот период се очекува отпочнување со изрекување на соодветни санкции, по целосното информирање на граѓаните за новите законски одредби.
Новите измени во Законот за безбедност во сообраќајот – пешачењето со телефон во рака или преминувањето пешачки со тротинет е прекршок кој се плаќа. Ако преминувате пешачки со мобилен телефон на уво или во рака – казната е 40 евра.
Ако возите тротинет, мотор или трактор со користење електронски уред – казната е 50 евра.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

