Црна хроника
Старец од Гостивар фатен со кокаин кој сакал да го продаде во Виена
Старец од Гистивар е фатен со 580 грама кокаин којшто го зел од албански државјанин, а требало да го продаде во Виена.
Но, полицијата и цариниците ја фатиле торбата со дрога во автобусот во којшто се превезувал гостиварецот до Виена.
Седумдесет и тригодишниот гостиварец ја зел дрогата од непознат албански државјанин и требало да ја продаде на лице од Австрија и да земе 700 евра.
Дрогата ја зел во периодот од 12-ти до 18-ти месецов во патничка црна торба во којашто имало и 350 евра. Остантите пари требало да ги добие во Виена кога ќе ја транспортира дрогата.
На 20 август на Граничниот премин Табановце на излез од Македонија во автобус со охридски регистарски ознаки кој сообраќал на линија Струга-Виена, била најдена дрогата во патничката торба којашто стоела на седиштето на гостиварецот.
Против него е поднесена кривична пријава неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори, а судија на претходна постапка му одредил мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.