Црна хроника
Стружанец чувал муниција во саксии за цвеќе
Полициските инспектори најдоа 389 парчиња муниција калибар 7,62 мм долго зрно за автоматска пушка сокриена на дното на саксиите со цвеќе во дом на дваесет и шестгодишен жител на струшкото село Корошишта, соопшти СВР Охрид.
Муницијата била најдена летово на 18 јули, а против стружанецот е поднесена кривична пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.Муницијата била сокриена во најлон кеси на дното на саксиите со цвеќе поставени во дворот пред влезната врата од семејниот дом. Во црвена најлонска кеса имало 188 парчиња, а во жолта вкупно 201 парче муниција за автоматска пушка. Муницијата била полиена со вода останата над површината на земјата во саксиите.Одземеното оружје е предадено на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје од каде, по извршените анализи утврдено е муниција со калибар 7,62 милиметри е во исправна состојба и потекнува од Македонско, Југословенско, Кинеско, Бугарско и Германско производство и е наменета за автоматско оружје како и митролези со наведениот калибар. /крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

