Црна хроника
Tоварно моторно возило усмрти пешак во Дојран

Вчера, во 13 часот, во СВР Струмица било пријавено дека на улицата Христијан Тодоровски-Карпош во Нов Дојран, товарно моторно возило „форд“, со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Р. Б. (60) од Нов Дојран, движејќи се наназад, удрило во П. П. (88) од Гевгелија.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот по што бил пренесен во ЈЗУ „Гевгелија“, каде што починал.
Извршен бил увид од јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гевгелија.
По наредба на јавен обвинтиел, телото на починатиот било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и побегна

Дваесет и четиригодишник од Охрид управувал со возилото со кое беше прегазен пешак синоќа на улицата Гоце Делчев во градот.
Тој со својот автомобил удрил во 59-годишниот Е.С. од Охрид кој се здобил со тешки повреди, па го напуштил местото.
„По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид“, велат од МВР.
По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не било утврдено присуство на алкохол во организмот.
По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Скопјанец со мотор удри во 10-годишно девојче на Џон Кенеди

Приведен е 34-годишен скопјанец (Ј.О.) кој околу 11.30 часот, управувајќи мотор на улицата Џон Кенеди во Скопје удри во десетгодишно девојче.
Детето е примено на комплексот клиники со тешки повреди.
Од МВР за случајот информираа дека известен е јавен обвинител, а против 34-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Пукање на Бит-пазар, во вооружена престрелка повредено едно лице

Едно лице е повредено во вооружена престрелка што се случи околу 14 часот на улицата Војдан Чернодрински на Бит-пазар, потврдија од полицијата за „Макфакс“.
На терен има полициски службеници и екипи на брзата помош.
Повреденото лице е пренесено на Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот биле најдени повеќе патрони, а засега нема официјални информации за причините за вооружената престрелка.