Црна хроника
Teтовец со автомобил ја скршил оградата во сопствениот двор, па тешко повреден го натепал татка си

Полицијата вчера приведе 44-годишен тетовец кој направил хаос во дворот, па физички го нападнал својот 65 годишен татко.
Според информациите од МВР, лицето М.Х. пред да го нападне татка си со автомобил целосно ја оштетил металната влезна врата во дворот пред семејната куќа, како и возилото на неговиот татко, притоа здобивајќи се со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово.
По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Преку лажен профил испраќал закани кон градоначалникот на Неготино, неговото семејство, на новинар, МВР: кривична пријава за неготинец

Отсекот за компјутерски криминал при СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против М.Ј.(28) од Неготино.
Тој се сомничи дека сторил кривични дела „загрозување на сигурноста“ по член 144 став 4 и 5 и „изнуда“ во обид по член 258 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Имено, тој креирал лажен профил на социјална мрежа и на 02.09.2025 на платформа за интернет комуникација испратил порака на профил кој го користи градоначалникот на општина Неготино, со закани кон него и неговото семејство, а во која, исто така, се обидел и да му изнуди пари.
Потоа, на 04.09.2025 во три наврати и на 05.09.2025 на друг профил што го користи градоначалникот, повторно испратил текстуални пораки со закани кон него, неговото семејство, како и кон кандидат за градоначалник.
Исто така, на 19.09.2025 испратил пораки на службените електронски пошти на Министерството за внатрешни работи, општина Неготино и на новинар со закани кон приврзаници на политичка партија во Неготино. На 19.09.2025 од страна на полициски службеници М.Ј. е лишен од слобода.
Црна хроника
Со електричен тротинет удрил во пешак и избегал

Вчера околу 14:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.„Горна чаршија“ во Тетово, електричен тротинет удрил во пешакот И.Ф.(76) од Тетово, по што возачот со тротинетот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.Ф., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за расчистување на случајот.
Црна хроника
Мопед удри во малолетничка во Куманово, повредени три лица

Вчера околу 19:50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на крстосница од бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Перо Чичо“ во Куманово, Н.Ј.(27) од Куманово, управувајќи мопед со кумановски регистарски ознаки, удрил во малолетничка од Куманово.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од мопедот М.Л.Ј., а со телесни повреди се здобиле возачот и малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово.