Црна хроника
Тешка кражба во стан во Аеродром
Тешка кражба од стан во Аеродром, Скопје, била извршена во понеделникот, кога крадецот украл, златен накит, машки и женски часовници, долари и евра во вредност од околу 600.000 денари, соопшти полицијата.
Тешка кражба од стан во Аеродром, Скопје, била извршена во понеделникот, кога крадецот украл, златен накит, машки и женски часовници, долари и евра во вредност од околу 600.000 денари, соопшти полицијата.
Имено, во понеделникот А.А.П.(46) од Скопје, пријавила дека непознат сторител извршил тешка кражба во нејзиниот стан на тој начин што се прекачил од задната врата на првиот спрат и со погоден предмет насилно ја отворил балконската врата.
Влегол внатре и по извршено пребарување одзел разновиден златен накит, машки и женски рачни часовници, 3.000 долари, 500 евра и клучеви, а потоа го напуштил местото на настанот.
Со тешката кражба сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 600.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. /крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

