Црна хроника
Тетовец обвинет за семејно насилство и напад врз полициски службеник
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Н.(48) од Тетово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривични дела „присилба“ извршено при семејно насилство и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.
На 17.07.2014 година, во Тетово пријавениот отишол во семејната куќа на мајката на неговата невенчана сопруга и со пиштол и се заканил дека ќе ја убие доколку не отиде со него на нотар да потпише изјава дека е согласна нивниот малолетен син да отпатува со пријавениот во странство.
Откако истата одбила да потпише на нотар, пријавениот физички ја нападнал, удирајќи ја со тупаници, по што случајот го пријавила во СВР Тетово. По преземени мерки од страна на полициски службеници бил извршен претрес во домот на пријавениот, при што истиот се обидел физички да нападне полициски службеник, но бил спречен во намерата и приведен во СВР Тетово./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.