Црна хроника
Тетовец продавал Албанки за 1.000 денари од вечер
Тетовец продавал Албанки во угостителскиот објект „АББА“ и им овозможувал на странски државјани нелегално да престојуваат во земјава и да работат.
Против него се поднесени кривични пријави за “посредување во вршење проституција“ и “помагање на странец при незаконит престој“.Тетовецот ги продавал Албанките на клиентите за 1000 денари од вечер, 700 денари за користење на соба и 300 денари за коктел. Албанските државјанки работеле во „АББА“ од средината на ноември минатата година, кога со шеесет и петгодишниот сопственик на објектот, се договориле за сите поединости околу нивниот престој и секојдневното давање сексуални услуги во период од 18 до 01 часот по полноќ.На 10-ти овој месец, при заедничка контрола на Министерството за внатрешни работи, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат, двете албански државјанки затекнати се во угостителскиот објект „АББА“, потоа приведени и задржани се во СВР Тетово, а по завршените разговори со нив во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, предадени се во Прифатниот центар во Скопје. На осомничениот, судија во претходна постапка на Основиот суд Тетово му определи мерка притвор во траење од осум дена. Против него се поднесени кривични пријави за “посредување во вршење проституција“ и “помагање на странец при незаконит престој“./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дваесет и тригодишен скопјанец најден починат во домот во Гази Баба
Вчера на подрачјето на Гази Баба, во неговиот дом бил пронајден починат В.М.(23).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од полицијата, а по насоки на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.