Црна хроника
Тинејџер од Кичево снимал детска порнографија
Осумнаесетгодишен кичевчанец преку својот мобилен телефон три месеца снимал и дистрибуирал детска порнографија, соопшти во вторникот полицијата.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (18) од Кичево.
Пријавениот, во текот на септември, октомври и ноември 2014 година, со својот мобилен телефон снимил, зачувал а потоа дистрибуирал фотографии и видео материјал со порнографска содржина од неговата малолетна девојка.
Тој откако на различни локации во Кичево го снимил порнографскиот материјал, преку програмите за интернет комуникација WhatsApp и Viber ги дистрибуирал до поголем број сопственици на мобилни апарати и ученици во средното училиште во Кичево.
Во текот на март годинава, полициски службеници инспектори за малолетници, извршиле разговори со малолетната ученичка во присуство на нејзината мајка, претставник на Центарот за социјални работи од Кичево, како и со директорот на средното училиште каде учеле малолетничката и пријавениот.
Во разговор извршен и со пријавениот, во присуство на неговиот татко, пред полициските службеници и претставници на Центарот за социјални работи од Кичево, А.А. ги појасни начинот и околностите под кои го извршил кривичното дело.
По вештачењето на мобилниот телефон, сопственост на сега пријавениот, извршено во Министерството за внатрешни работи во Скопје – Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, потврдено е дека од мобилниот уред „Soni Xsperia“ сопственост на А.А. од Кичево, преку програмите за интернет комуникација, испратени се повеќе фотографии со порнографска содржина. Притоа потврдено е дека женскиот лик на фотографиите со соодветен реден број е идентичен со ликот на малолетната девојка. Воедно, констатирано е дека машкиот лик на фотографиите со соодветен реден број е идентичен со ликот на пријавениот А.А./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдени и одземени 220 таблети во пакет за осуденик во затворот Идризово
На 11 јануари 2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправна установа Затвор Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот, при извршен претрес на пакет наменет за осудено лице А.Н. (39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Инцидент во трговски центар: две жени меѓусебно се пријавиле за физички напад
На 11 јануари 2026 година во 13:10 часот во СВР Скопје, С.К.П. (41) пријавила дека околу 12:20 часот во трговски центар на подрачјето на Центар била физички нападната од М.Д. (56).
Според пријавата, со М.Д. било и едно машко лице кое ја снимало С.К.П. со мобилен телефон.
Од полицијата информираат дека и М.Д. поднела пријава, во која навела дека била физички нападната од С.К.П.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повреден 70-годишник во пожар во куќа во виничко Блатец
На 11 јануари 2026 година во 12:04 часот во ОВР Виница било пријавено дека во село Блатец, околу 11:50 часот, настанал пожар во куќа и помошна просторија – работилница, сопственост на М.Д. (70) од истото село.
Како што информира полицијата, сопственикот се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итната медицинска помош од Виница бил пренесен во Општа болница Кочани за укажување лекарска помош.
Пожарот бил изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица Виница и Територијалната противпожарна единица Кочани.

