Црна хроника
Трите лица по кои трага полицијата биле логистичка поддршка на вооружената група
Трите лица по кои трага полицијата и кои не беа уaпсени во денешната акција на полицијата биле логистичка поддршка вооружената група која се судри со полиција во мај во кумановската Дива населба.
Полицијата утрово по наредба на Судија на претходна постапка извршила претреси во дом и други простории на три локации, во Куманово, во село Отља и во село Арачиново.„Станува збор за три лица на возраст од 35-41 година од кои едно од с. Брест едно лице од сeло Отља како и едно лице од Куманово за кои лица во текот на истрагата се обезбедени докази за нивна инволвираност во пружање логистичка поддршка на криминално терористичката група од Диво Насеље.Нови претреси во скопско и во Куманово по акцијата во „Диво Насеље“, соопштуваат од МВР.При претресите во селото Отља биле пронајдени четири мобилни телефони, три сим картички како и држач за сим картичка.Пронајдените и одземените предмети ќе бидат предадени на надлежен Јавен Обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

