Црна хроника
Тројца албански државјани шверцувале монети и накит
Тројца албански државјани, 34-годишниот A.Г., и Б.Г. и А.Б., двајцата на возраст од 27 години, ќе добијат кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, соопштуваат од МВР.
Тројца албански државјани, 34-годишниот A.Г., и Б.Г. и А.Б., двајцата на возраст од 27 години, ќе добијат кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“, соопштуваат од МВР.
Имено, во неделата во 21 часот за излез од држава на граничниот премин „Долно Блаце“ се пријавиле тројцата осомничени кои се превезувале со автомобил марка „Форд Фокус“, со италијански регистарски таблички. Од страна на УПС возилото било селектирано за дополнителна контрола, ставено на канал и заедно со царинските службеници од Царинската испостава „Блаце“ била извршена подетална контрола на возилото, при што во истото во посебно импровизиран простор во возилото биле пронајдени две пластични кеси.
Во едната биле откриени монети како и накит во вкупна тежина од околу половина килограм, а во втората кеса над триесетина парчиња машки часовници со различни марки („Ролекс“, „Патек Филипе“, „Омега“, „Спид Мастер“ и други) како и разни странски валути во различни апоени (англиски фунти, турски лири, канадски долари, австралиски долари…) во вкупна вредност од околу илјада евра.
Лицата се приведени и задржани, а постојат индиции дека наведените предмети кои со потврда за привремено одземени предмети биле одземени и дадени на вештачење потекнуваат од други кривични дела./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

