Црна хроника
Тројца Македонци криумчареле мигранти од Сирија и Авганистан
Оделението за прекуграничен криминал и миграција при Републичкиот центар за граничен реон „Југ“ поднесе кривична пријава против Б.Џ.(33), С.А.(40) и Ѓ.Б.(27) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „организирање на група и поттикнување на извршување на делата, трговија со луѓе, трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти“.
Имено, во средата тројцата пријавени по претходен договор прифатиле лица со илегален влез и престој во Македонија во близина на село Марвинци со намера да ги превезат до Куманово.
Истиот ден околу 18 часот од страна на припадници на полициска станица од регионот „Југ“ Кавадарци, на регионалниот пат Гевгелија – Скопје пресретнати се и запрени два автомобили, „волво” и „опел омега” со скопски регистарски ознаки при што во првото возило управувано од С.А. биле откриени три илегални мигранти од Сирија на возраст од 24 до 27 години, додека во второто возило управувано од Ѓ.Б. биле откриени шест илегални мигранти од Авганистан на возраст од 10 до 31 година.
По извесно време поради основи на сомневање дека дел од групата е лицето Б.Џ. кое управувало автомобил „опел вектра” со кумановски регистарски ознаки, истиот е запрен и приведен во полициската станица во Неготино. Б.Џ. имал улога на ткн претходница, а воедно и превезувал лица илегални мигранти.
Од страна на судија за претходна постапка на пријавените им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.