Црна хроника
Уапсен четвртиот учесник од престрелката во Кондово

Полицијата утрото во понеделникот го приведе и четвртиот учесник во престрелката во Кондово, јави Вечер, а потврдуваат и од МВР.
Во петокот во кафуле во Кондово вербална расправија меѓу членови на ДУИ заврши со престрелка во која беа повредени три лица. Двајца од инволвираните во тепачката се вработени во македонската армија (АРМ), додека третиот е полицаец, за кого МВР потврди дека го користел службениот пиштол. Од ДУИ излегоа со соопштение во кое жалат за инцидентот и го критикуваат начинот на којшто известувале медиумите. Според медиумите, престрелката се случила поради изборите за претседател на партискиот огранок на ДУИ во Сарај или поради промена на работното место на еден од учесниците во престрелката од Скопје во Велес./крај/мф/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Центарот за социјални работи пријави обљуба врз малолетник на Бит-пазар

На 14 октомври, околу 00:30 часот, во Полициската станица Бит Пазар од Центарот за социјални работи било пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар едно лице извршило обљуба врз малолетен штитеник на центарот, информира МВР.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Тинејџер ја нападнал 18-годишната девојка во Скопје

Oсумнаесетгодишна девојка пријави во МВР дека на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од нејзиниот 19-годишен партнер од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
83-годишник паднал од мотор во Струмичко, тешко повреден

Вчера во селото Зубово, струмичко, се случила сообраќајна несреќа. Како што информира МВР, 83-годишниот К.С. од Зубово, управувајќи мотоцикл „хонда“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
На местото на настанот увид извршила екипа од СВР Струмица.