Црна хроника
Украдени 75.000 денари од аптека во Демир Хисар

Разбојник украл околу 75.000 денари од аптека на улица „Битолска“ во Демир Хисар, соопшти МВР.
Разбојник украл околу 75.000 денари од аптека на улица „Битолска“ во Демир Хисар, соопшти МВР.
Инцидентот се случил вечета меѓу понеделникот и вторникот, кога крадецот го скршил стаклото од излогот, влегол внатре извршил пребарување и од работното биро одзел околу 75.000 денари.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.