Црна хроника
Управител на фирма незаконски извршил поврат на ДДВ во износ од 43.000 евра
Управител на фирмата „Октаген компани“ доставувал лажни податоци во Управата за јавни приходи и незакоснки извршил поврат на 43.000 евра ДДВ и го оштетил буџетот на државата, соопшти Финансиската полиција.
Дваесетгодишниот измамник од скопското село Љуботен, до УЈП доставил фалсификувана ДДВ пријава во која прикажал невистинити податоци за влезниот промет, за наводно извршени набавки на стоки и услуги без притоа да постои соодветна документација(фактури) како и извршено плаќање на наводните добавувачи, ниту пак постои сметководствена евиденција.
Откако му биле префрлени парите од повратот на ДДВ, скопјанецот веднаш си ги подигнал во готово и ги искористил за лични потреби.
Финансиската полиција подолг врменски период трагала по управителот но благодарение на соработката со Министерството за внатрешни работи, СВР Скопје, тој бил лоциран и уапсен.
Поради постоењето на опасност од повторување на делото и опасност од бегство, Судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје му изрекол мерка притвор во траење од 30 дена./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се степале за паркинг во Петровец, па му се заканил со огнено оружје
Вчера во СВР Скопје, И.К.(41) од с.Петровец, скопско пријавил дека околу 18:00 часот во с.Петровец, скопско, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, Д.Д. се обидел физички да го нападне.
Потоа му упатил закани со огнено оружје.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Фото: депозитфотос
Црна хроника
Насилство во Тетовско: нападната 19-годишна девојка
СВР Тетово поднесе кривична пријава против П.А.(28), С.А.(30), Е.А.(23), Г.А.(44) и А.А.(19), сите од с.Желино, тетовско.
Тие се сомничат за сторено кривично дело „насилство“.
Имено, според полицијата на 26.09.2025 во с.Желино, по претходна расправија, пријавените физички нападнале 19-годишна девојка од истото село.
Црна хроника
Загина 48-годишен возач: со возилото излетал од патот Кочани – Виница
Вчера во 17:35 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на магистралниот пат Кочани- Виница, на место викано „Сланечки дол“, патничко возило „пежо“ со винички регистарски ознаки, управувано од Б.Ќ.(48) од Виница, излетало надвор од коловозот.
Од здобиените повреди на местото на настанот починал возачот, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.

