Контакт

Црна хроника

Уште девет нови пријави во акцијата „Гора“ за спречување на бесправна сеча на дрва

Објавено пред

Девет лица заработија прекршочни пријави во рамки на оперативната акцијата “Гора“ насочена кон спречување на бесправна сеча на шума и бесправна продажба на огревно дрво.

dobivaj vesti na viber

 

 

Како што соопштуваат од МВР, во првиот случај до Јавното Обвинителство Скопје поднесена е кривична пријава против Ј.Ќ.(37) за сторени кривични дела “кражба“ и “фалсификување исправа“, како и против Н.О.(53) и Б.О.(23) за сторено кривично дело “помагање“. Oд страна на Судија во претходна постапка на  Ј.Ќ. му беше изречена мерка притвор во траење од осум дена додека на другите две лица им е изречена мерка на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште односно престојувалиште, привремено им се одземени и патните исправи и истите имаат обврска повремено да се јавуваат на надлежен државен орган.

 

Пријавените се товарат бидејќи истите со цел да извршат бесправна сеча на букови огревни дрва и истата да ја легализираат, до правното лице “Форест Инжинеринг” ДООЕЛ Скопје, поднеле барање за сеча на огревни дрва при што ги приложиле потребните документи меѓу кои и фалсификувано полномошно со цел да прикажат легална сеча на дрва од приватна парцела која е сопственост на членови на семејство на Ј.Ќ. за што наводно од страна на лиценцирано лице им било издадено одобрение за сеча, а пријавените за таа цел уплатиле и 10.500 денари во корист на “Форест Инженеринг”. Неместо тоа пријавените лица исекле 33 метри кубни буково огревно дрво од друга парцела која е во државна сопственост.

 

Вториот случај е реализиран на патот помеѓу с. Танушевци и с. Арачиново на место викано „Вуксан“, при што кривична пријава е поднесена против Е.С.(27) од Скопје за сторени кривични дела “спречување на службено лице во вршење службено дејствие“ и “кражба“. Пријавениот иако не поседувал одобрение за сеча на дрва, при крајот на минатиот месец бесправно исекол повеќе стебла буково дрво без жиг, односно 3,5 метри кубни.

 

Во третиот случај на подрачјето на СВР Велес врз основа на посебен план во рамки на оперативна акција “Гора“ извршена е акциска контрола од страна на полициски службеници од Полициско одделение Чашка и Полициска станица Велес, како и службеници на шумската полиција. Притоа на место викано “Црници” атар на с. Степаници и место викано Мукос од Е.А. и Р.В. двајцата од Прилеп одземени се две моторни пили, едно ПМВ марка “лада рива“ кое било натоварено со помало количество огревно дрво, една секира, еден токмак со сечиво и 6 м3 противправно исечени дабови и букови сурови огревни дрва. Во непосредна близина исто така затекнати се уште две лица од Прилеп, Д.Ј. и Ф.Ј. при што од истите одземени се една рачна пила и 5 м3 противправно исечени дабови и букови огревни дрва.

 

Во последниот случај на подрачјето на м.в. Гробишта атар на с. Бањица, велешко затекнат е Ф.Б. од с. Г.Јаболчиште а со привремен престој во Бањица како бесправно сече сурово габерово дрво.

 

Инаку од почетокот на оперативната акција “Гора“, насочена кон сузбивање на криминалот поврзан со нелегална сеча на дрва, пустошење шуми и нелегална трговија со дрвна маса, од крајот на јуни годинава до сега запленети се над 1.000 кубни метри огровно дрво, извршени се контроли во 245 легални складови за огревно дрво ширум земјата при што 49 складови се затворени. Исто така, извршена е контрола на 31 правно лице лиценцирани за издавање одобренија за сеча на приватна шума, при што кај 21 субјект биле утврдени неправилности во работењето, а вредноста на досега запленетите огревни дрва е проценета на над 36.000 евра. Во рамки на акцијата досега поднесени се 14 кривични и над 170 прершочни пријави.  /крај/со/мф

Црна хроника

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Објавено пред

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.

dobivaj vesti na viber

„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Демолиран изборен штаб во Конче

Објавено пред

Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.

dobivaj vesti na viber

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија15 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија15 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ18 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија18 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет20 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет21 час

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет21 час

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион21 час

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет22 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...