Црна хроника
ВД директорот на болницата во Кичево вработувал по свое убедување
ВД директорот на Општа болница во Кичево заработил кривична пријава заради злоупотреба на службената положба.
На 14-ти мај оваа година, пријавениот Л.Р. во својство на ВД директор на јавната здравствена установа Општа болница во Кичево, при донесување одлука за избор на работници медицински сестри-техничари, со искористување на својата службена положба, свесно извршил злоупотреба и пречекорување на службените овластувања.
Пријавениот Л.Р. спротивно на Законот за здравствена заштита, избрал кандидатки кои не ги исполнувале посебните услови во претходно распишаниот оглас односно примил кандидатки кои го немале потребниот волонтерски стаж од најмалку една година во општата болница во Кичево. Избраните и примени кандидатки не биле влезени ниту во предложените 18 кандидатки од ранг листата составена од посебната комисија за селекција. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ограбена менувачница во Битола
Вчера во СВР Битола било пријавено дека во периодот од 17.00 часот на 4 јануари до 08.00 часот на осми јануари, со употреба на сила и подесен алат било влезено во менувачница на улицата „Рузвелтова“ во Битола, сопственост на И.И.(67) од Битола, и биле одземени пари во различни валути и апоени.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен „пасат“ во Катланово, нема повредени лица
Денеска во 00.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Катланово, скопско, настанал пожар во патничко возило „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Б.Н.(48).
Од екипа на Бригадата за противпожарна единица Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Машко лице се самозадоволувало пред малолетнички во Скопско, полицијата го расчистува случајот
Вчера во 19.00 часот во СВР Скопје, 45-годишник од скопско село пријавил дека на 27.12.2024 околу 19.10 часот во друго скопско село, едно лице ги следело со возило и се самозадоволувало пред неговата малолетна ќерка и нејзина другарка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.