Црна хроника
Велешанец криумчарел мигранти од Нигерија и Сирија
Регионалниот центар за гранични работи Север до ОЈО за организиран криминал – Скопје, поднесе кривична пријава против 34-годишниот Е.Н. од Велес, како и против непознато лице поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – „криумчарење на мигранти“.
Регионалниот центар за гранични работи Север до ОЈО за организиран криминал – Скопје, поднесе кривична пријава против 34-годишниот Е.Н. од Велес, како и против непознато лице поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело – „криумчарење на мигранти“.
Лицето Е.Н. моментално е во бегство и по истиот е распишана потрага за лице од страна на Одделението за потраги при МВР.
Според документираните сознанија од истрагата на почетокот на минатиот месец, поточно на 6-ти август во 23,20 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – Романовце 200-300 метри над бензинска пумпа на „Лук Оил“ лоцирана во селото Романовце имало превртено товрано моторно возило марка „Застава 83.10“, со штипски регистарски таблички.
Од страна на УПС од СВР Куманово било излезено на место на настанот при што било констатирано дека возачот го немало во возилото, истиот се дал во бегство, а во близина на настанот биле пронајени девет лица илегални мигранти, три лица од Нигерија и шест лица од Сирија, од кои четири малолетни лица, без документи за идентификација и истите се сместени во ПЦС Скопје до завршување на постапката.
Со лицата е извршен разговор при што било констатирано дека во возилото имало околу 50 лица мигрантити и кога се случила собраќајната незгода другите се дале во бегство заедно со возачот во непознат правец, и дека се работело за две различни групи кои во различен период имале допатувано во Македонија со намера да патуват во земјите од ЕУ.
Едната група во која биле околу дваесет мигранти од Нигерија преку Бугарија допатувале во Србија, каде на непознатото лице кое ги организирало му дале по 400 евра од човек да ги пренесе до Италија, а другата групата биле од Сирија и броела од 25-30 луѓе кои илегално оствариле влез од Грција во Македонија и биле предводени од непознато лице од Авганистан за сума од 850 евра по човек, пари што требало да му ги дадат откако ќе пристигнат во Србија.
По извршените претраги дојдено е до сознание дека главен осомничен и организатор на овој настан е Е.Н., кој всушност бил и возач на возило „Рено клио“, кое има улога на претходница при транспортот на мигрантите.
Инаку Е.Н. е поранешен полициски службеник во МВР на Македонија, кој бил инволвиран и во случајот „Франкфуртската мафија“ за што издржувал казна затвор од три години во Германија. Истовремено тој бил инволвиран и во други дела како еден од главните организатори за криумчарење на мигранти./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

