Црна хроника
Видео:Скопјанец одгледувал марихуана во дворот и ја продавал
Скопјанец во својот двор одгледувал марихуана, а потоа ја продава на корисници. Но полицијата во понеделникот го уапсила и му запленила, марихуана, пари и оружје.
Дваесет и осумгодишниот скопјанец марихуаната ја засадил во својот двор на отворено а еден дел во пластеници лоцирани во нивата зад неговата семејна куќата. Стеблата ги одгледувал во пластениците помеѓу растенија од пченка и ги наводнувал преку систем капка по капка. Растенијата кои ги одгледувал на отворено ги покривал со сува пченка со цел да не се гледаат од далеку. Откако растенијата канабис созреале и оформиле цветови скопјанецот ги кастрел цветовите и дел од гранките, ги сушел, и подготвената опојна дрога марихуана ја продавал на уживатели на оваа дрога.Во средата бил направен претрес во домот, во нивата зад куќата, како и во гулабарник и во бокс за чување куче пронајдени се 33 стебла канабис со висина од едно до два метри, речиси 450 грама опојна дрога марихуана како и четири пластични гајби со исушени гранки и цветови од “канабис сатива“. Исто така откриени и пронајдени се вкупно 110 куршуми од кои 52 се пиштолска муниција кал 7,62х 25 мм, а 50 се пиштолска муниција кал 7,65 мм. Покрај ова, при претресот во домот на А.Ѓ. во подрумска просторија во буре со пченица пронајдена е стаклена тегла во која што во црна кеса се пронајдени 6.450 евра и 360.500 денари во различни апоени. А.Ѓ. во средата е лишен од слобода во полициската станица Гази Баба каде во службените простории на Единицата за недозволена трговија е извршен разговор со него во кој тој не дал никакво појаснување за начинот на кој е сторено кривичното дело. Инаку досега во рамки на акцијата „Мрежа“ приведени и кривично пријавени се околу 130 лица а запленети се приближно 515 килограми разни видови дроги./крај/мф/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

