Црна хроника
Во акцијата „Арсенал“ уапсен и Нелко Менкиноски, го оштетиле МО за 2,7 милиони долари
Поранешниот началник на секторот за логистика при Министерството за одбрана, Нелко Менкиноски е уапсен во акцијата на министерството за внатрешни работи „Арсенал“ за финансиски малверзации со сервисирањето на шест хеликоптери на Министерството за одбрана.
Менкиноски кој е осуден во аферите „Армиско оружје“ и „Тенковски делови“, заедно со уште осум лица, бизнисмени од 2004 до 2009 година прикажувале нереално зголемена вредност на услуги за сервисирањето на хеликоптерите.
Основале фирми во земјава и во странство, во Кипар, Велика Британија и Бугарија, каде што ги префрлале украдените пари, па така надлежните институции немале увид во работењето на фирмите.
Го платиле сервисирањето на укрианската фирма, но освен оваа сума преку прикажување на фиктивни фактури , голем дел од парите коишто биле одвоени од министерството, ги префрлиле на сметките на фирмите што ги основале во Македонија и во странство.
Иако криминалот се случувал пред десет години, а осомничените досега не се гонети за ова кривично дело, од Министерството за внатрешни работи велат дека случајот го работеле подолг период наназад.
„МВР подолг период наназад работеше на документирање на ова дело и кога ги завршивме нашите активности и проверките кои требаше да бидат направени со Јавното обвинителство утрово беше реализирана акцијата“ изјави помошник министерот на МВР, Иво Котевски.
Менкиновски за аферата „Армиско оружје“ е осуден на три и пол години затвор .Апелациониот суд го врати предметот на повторно судење и се уште е отворен. За „тенковските дело“, случај во којшто беше осуден поранешниот министер за одбрана, Владо Бучковски, Менкиноски е осуден на условна казна./крај/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

