Црна хроника
Во пукање во Илиноис убиени четири лица од кои две деца
Четири лица, од кои две се деца на возраст од 4 и 6 години, се убиени во пукање во неделата во приватна куќа во американскиот град Рокфорд, во сојузната држава Илиноис, објави локалната полиција.
Според соседите на жртвите, некој насила се обидувал да влезе на врата од куќата а потоа се слушнале повеќе истрели. Припадниците на итната медицинска помош на местото на злосторството ги нашле телата на 24-годишна жена, на нејзините два сина и на пријателот. Засега не се соопштува за евентуалниот осомничен за маскарот.
Помошникот на заменикот на началникот Патрик Хоиј изјавил дека полицијата засега нема мотив за злосторството.
Локалната телевизиска станица на мрежата CBS потсетува дека во Рокфорд бројот на убиства во 2014 година достигнал 17, додека минатата 2013 година се регистрирани 22 убиства, а претходната 2012-та – 14./крај/мф/сн
Извор: CBS News
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.