Црна хроника
Во стан во Тетово откриен систем за одгледување на марихуана
Во петокот во Тетово, со Наредба од ОС-Тетово извршен е претрес во домот и помошните простории на 29-годишниот Г.М. од Тетово, при што во претресот биле пронајдени се 5 саксии со непознато растение, најверојатно „канабис сатива“, 2 саксии со друго непознато растение, 715 растителни семки и една зипер-кесечика со растителна материја.
Покрај ова, поврзани во импровизиран систем за саксиско одгледување на растенија, кој бил сместен и функционирал во дрвен плакар, обложен со алуминиумска фолија, пронајдени се и вентилатор, електричен кабел, две светилки, термометар и пластично шише. Сето пронајдено во претресот е одземено и ќе се вештачи, а Г.М. и уште две лица кои биле затекнати со него, 29-годишниот Б.Р. од Тетово и францускиот државјанин Г.Ж., приведени се и по наредба на јавен обвинител, задржани се во СВР Тетово. Се работи на расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

