Црна хроника
Вооружен грабеж на бензинска пумпа во Чаир
Двајца маскирани вооружени разбојници ја ограбиле бензинската пумпа „Окта“ во скопската населба Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во недела во раните утрински часови на пумпата лоцирана на бул.„Македонско Косовска Бригада“.
Двајцата маскирани разбојници, од кои едниот вооружен со огнено оружје, му се заканиле на вработениот и ги одзеле парите од касата од дневниот промет од околу 70.000 денари.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителите.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.