Црна хроника
Вооружен грабеж во продавница во Чаир

Двајца разбојници вооружени со нож ограбиле продавница во скопската населба Чаир, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Кражбата се случила во недела, околу 13 часот, во продавнивцата „Дина Џен“ на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“.
Разбојниците и се заканиле на вработената со нож и од касата украле 20.000 денари и цигари во вредност од околу 10.000 денари.
Полицијата презема мерки за откривање на сторителите.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тетовец уплатил пари за да купи работна машина: останал и без пари и без машина

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.М.(26) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,измама“.
На 25.05.2024, едно лице од Тетово стапило во контакт со пријавениот преку социјална мрежа и се договориле да купи работна машина, при што парите му ги уплатил на трансакциска сметка во банка, на едно лице, за која пријавениот тврдел дека е негова сопруга.
Откако парите биле уплатени, оштетениот не успеал да стапи во контакт со пријавениот.
Црна хроника
Прегазена жена во Тетово

Вчера во 13.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од улица „Благоја Тоска“ со улица „Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, товарно возило „пежо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(20) од с.Мала Речица, тетовско, удрило во пешакот Ф.Д.(43) од Тетово.
Во несреќата со тешки повреди се здобила Ф.Д., констатирани во Клиничка болница Тетово.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Тетово.
Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу армиско и цивилно возило: повредени тројца припадници на Армијата

Денеска на патниот правец Штип – Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел.
Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени во кочанската болница на понатамошни медицински иследувања.
На лице место се излезени МВР и припадници од Воената полиција, информира МВР.