Црна хроника
Возач прегазил старица која починала на лице место и избегал
Возач со автомобил „БМВ“ прегазил старица во вторникот попладне на магистралниот пат Охрид – Кичево кај селото Горенци, општина Дебарца и избегал од местото на несреќата.
Седумдесет и четиригодишната Ќание А. од Охрид починала на лице место, а смртта ја констатирал лекар од Брза помош.Несреќата се случила во 18.45 часот кога автомобилот со тетовски регистерски таблици, кој се движел по магистралниот пат во правец од Кичево према Охрид, директно удрил во сега починатата која се движела на коловозот во спротивниот правец. На местото на сообраќајната незгода, извршен е увид во присуство на јавен обвинител, овластен судски вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид. Увидот започна во 19 часот и 15 минути а заврши во 22 часот при што од страна на полициски службеник се вршеше наизменично регулирање на сообраќајот. По наредба на јавниот обвинител, врз телото на починатата денеска ќе биде извршена обдукција.Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, презема интензивни мерки за пронаоѓање на возачот и на патничкото моторно возило „БМВ“./крај/мф
Извор: Фото: Макфакс архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.