Црна хроника
Возачот кој прегази девојче пред Суд:Срцето би го откорнал само да ја вратам
Возачот на камионот, кој во октомври минатата година прегази 12-годишно девојче меѓу населбите Хром и Влае, ја призна вината и побара прошка од семејството.
Во својот емотивен исказ пред Судот, возачот Раде В. му изрази сочувство на семејството и рече дека за тоа што го сторил ќе страда цел живот.Нему му се суди за тешки дела против безбедноста на луѓето и против имотот во сообраќајот за кое е одредена максимална затворска казна до пет години.„Верувајте ми чесен судија, никогаш во животот не сум помислил да повредам некого, тоа ангелче требаше да преживее. До гроб ќе го носам ова со себе. Не успеав да ја видам, не знам како и зошто се случи. Секогаш сум бил максимално внимателен во сообраќајот и никогаш не сум направил сообраќајка. Би го заменил нејзиното место и јас би легнал на нејзиното место. Срцето би го откорнал само да ја вратам. Која казна и да ја одредите, јас ќе страдам цел живот“, рече обвинетиот.Во судницата присутни беа и членови на семејството на прегазеното девојче, кои исто така плачеа додека го слушаа исказот на обвинетиот.Одбраната на обвинетиот побара од судот да му одреди алтернативна мерка наместо затвор. Како олеснителни околности, адвокатот ги спомена фактите дека никогаш не бил осудуван, дека се кае за стореното дело и има грижа на совест која ќе ја носи до крајот на животот.Според одбраната, обвинетиот имал проблеми со срцето и бил единствениот член што обезбедува егзистенција на неговото семејство, а има и дете со нарушено психофизичко здравје, со дијагностициран тумор и во инвалидска количка.Обвинителството, пак, побара на обвинетиот да му се определи и казна забрана за управување со моторно возило со оглед на тоа што обвинетиот е професионален возач.Пресудата за сообраќајката ќе биде соопштена в четврток на пладне./крај/мф/
Извор: Фото:архива
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.