Црна хроника
Врховниот суд го одложи издржувањето на затворската казна за Бучковски
Врховниот суд на Република Македонија го прифати барањето на поранешниот премиер Владо Бучковски да го одложи извршувањето на правосилната судска пресуда со којашто беше осуден на двегодишна затворска казна.
Покрај ова, Вровниот суд го уважил и барањето на Бучковски за вонредно преиспитување на правосилната судска пресуда.
На овој начин на Бучковски ќе му биде дозволено уште еднаш да ги образложи неговите тврдења дека во случајот наречен „тенковски делови” не постои зделка во која има коруција.
Бучковски на првичното судење беше осуден на атворска казна од три ипол години, но пресудата беше укината од Апелацискиот суд поради пропусти во постапката и беше побарано ново судење.
На повторениот судски процес Бучковски беше осуден на три години затвор, но Апелацискиот суд му ја намали казната на две години. /крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец повикан на службен разговор по пријава дека ја нападнал партнерката
Полициски службеници од Кисела Вода утрово извршиле службен разговор со М.Х. (22) од Скопје. Разговорот следел по пријава поднесена од неговата 22-годишна партнерка.
Според пријавата, на 17 ноември 2025 година околу 18:30 часот, во домот каде што престојувала на подрачјето на Бит Пазар, таа била физички нападната од пријавениот.
Полицијата информира дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Осуденик нападнат во Идризово oд тројца затвореници
Осуденик во Идризово бил физички нападнат од тројца други затвореници, а во нападот бил употребен и тврд предмет.
Случајот го пријавиле од затворот.
Според пријавата, инцидентот се случил вчера, а нападнат бил И.И. (61) од селото Челопек, тетовско.
Полицијата известува дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Велосипедист тешко повреден во сообраќајна несреќа на патот Струга – Враништа
Во полицијата во Струга било пријавено дека на регионалниот пат од Струга кон селото Враништа се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Т.А. (57) од Горно Татеши, и велосипед управуван од Р.Ш. (65) од Враништа.
Во несреќата тешки телесни повреди добил велосипедистот, а повредите му биле констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.

