Црна хроника
Загина таксист во сообраќајка во Штип
Две сообраќајки со такси возила се случија во Штип, пти што во едната загина такси возач, а во другата, такси удри во автобус и двајца се повредени.
Едно лице загина во текот на изминатиот викендот во судир на такси возило и џип кој бил управуван од турски студент. Трагедијата се случила на улица „Партизанска“ близу „Македонија пат“.
Заради неприлагодена брзина, џипот силно се судрил со такси возилото, при што загинал таксистот. Како што дознава „Старплус“ на ТВ Стар, станува збор за пенизонирано воено лице на возраст од 50 години. Во судирот се повредени уште две лица кои се пренесени во клиничката болница во Штип.
Во понеделник наутро, пак, друго такси возило налета на автобус кој превезувал работници. При судирот со автобусот, две лица се повредени./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.