Црна хроника
Запленета марихуана и златен накит
Царинските службеници минатата недела спречија два обиди за криумчарење на марихуана и еден обид за криумчарење на околу 700 грама златен накит.
На граничните премини Блато и Табановце – автопат, во два одвоени случаи, запленети се вкупно околу 1.900 грама марихуана. Во првиот случај на граничниот премин Блато, при контрола на албански автомобил пријавен за влез во државата и личен претрес на патник во возилото, македонски државјанин, пронајдени се околу 1,1 килограми марихуана.
Дрогата била сокриена во две кеси во ранец, сместен во багажниот простор на возилото, во една кеса обвиткана околу половината на патникот и во една помала кесичка пронајдена во една од неговите патики.
Во вториот случај на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на македонски автобус што сообраќа на релација Кичево – Ансбах, Германија, откриени се околу 800 грама марихуана. Дрогата е пронајдена во внатрешноста на поставата на куфер, сместен во багажниот простор на автобусот. Сопственик на куферот е македонски државјанин, патник во автобусот.
Мобилните царински тимови минатата недела спречија и обид за криумчарење на околу 700 грама златен накит. Накитот е откриен при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата, на граничниот премин Меџитлија. Помеѓу предните седишта, под пластиката кај менувачот, пронајдени се 6 кесички со вкупно 711 грама златен накит (204 обетки, 95 прстени, 32 приврзоци, 10 синџирчиња и 6 нараквици). Вредноста на златниот накит е проценета на околу 1,4 милиони денари.
Покрај тоа, во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани цигари, бижутерија, тоалетни води, парфеми, додатоци на исхраната, мобилни телефони, текстилни производи и фалсификати./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир
Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.
Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.
Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.
Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.
Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.
Црна хроника
Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува
На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена
На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.
Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

