Црна хроника
Запленети 499 штеки цигари, 55 илјади евра во чекови, златна нараквица…
Царинските службеници од граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално изнесување на цигари, при што привремено задржаа 499 штеки цигари со вредност од околу 275 илјади денари, додека на граничниот премин Богородица, во два одвоени случаи биле задржани 55 илјади евра во чекови и една златна нараквица составена од 24 златни турски лири, со проценета вредност од околу 106 илјади денари.
Во неделата во пладневните часови, за излез од државата, граничниот премин Меџитлија, се пријавило патничко возило, марка BMW, со бугарски регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, кој на прашање на царинскиот службеник, изјавил дека нема што да пријави за царинска контрола.
Поради сомневање во изјавата на возачот, а и поради тоа што возилото било со целосно затемнети стакла, царинските службеници го селектираа за детален преглед. Возачот, со кратко отворање и брзо затворање на вратата од багажникот, се обидел да го избегне прегледот, но на инсистирање на царинските службеници повторно го отворил багажникот и задните врати на возилото, при што откриени се неколку картонски кутии прекриени со кеси и палта, полни со цигари марка „monte carlo blue“ со македонски акцизни маркички. Возачот не поседувал никаков документ за цигарите, што според неговата изјава биле набавени во магацин во Скопје.
На граничниот премин Богородица, во два одвоени случаи, при контрола на две патнички возила пријавени за влез во државата, задржани се 55 илјади евра во чекови и една златна нараквица составена од 24 златни турски лири.
Во првиот случај, при контрола на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, со кое патувале двајца грчки државјани, во патна торба сместена позади возачкото седиште, пронајдени се неколку бели коверти со чекови со вкупна вредност од 62.500 евра, додека при личен претрес на возачот пронајдени се уште 2.500 евра во готови пари.
Согласно законските прописи, на возачот му се вратени 7.500 евра во чекови и 2.500 евра во готово, односно вкупно 10 илјади евра, износ што може слободно да се внесе во Македонија, додека 55 илјади евра во чекови се задржани.
Во вториот случај, при контрола на патничко моторно возило со германски регистарски таблички, со кое патувале двајца турски државјани, во несесер, сместен на задното седиште на возилото, сопственост на сопатникот во возилото, пронајдена е 1 златна нараквица составена од 24 златни турски лири, со маса од 100 грама и проценета вредност од околу 106 илјади денари.
Покрај тоа, во пет картонски кутии сместени во багажникот и на задното седиште, како и во багажникот на кровот на возилото и во просторот за алат и прва помош, биле пронајдени и непријавени 3 илјади пенкала, 50 ѕидни часовници и 50 машки елеци.
Покрај тоа, во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија еден обид за влез на илегални патници и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се облека, репроматеријали, модни додатоци, алкохолни пијалоци, семки од кајсија, чаеви, автоделови, сапуни, каписли за пиштоли и фалсификати./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
(Видео) Запленети 5050 штеки цигари и електронски цигари на ГП Стар Дојран, уапсен српски државјанин
Вчера во 17:53 часот на Граничен премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран во координација со царински службеници и припадник на Фронтекс, го лишија од слобода 56-годишниот М.Г. од Република Србија, кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола. При извршен преглед пак, во полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.

По целосно документирање на случајот, против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл.378 – „фалсификување исправа“ и по чл.278 – „криумчарење“ (акцизна стока) од Кривичниот законик.
фото: МВР
Црна хроника
Пријавено оштетување на стаклото на влезната врата на Амбасадата на Бугарија
Вчера во 15:55 часот, во СВР Скопје, од страна на Одделот за обезбедување на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, било пријавено оштетување на стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија. Офицерот за безбедност на Амбасадата, преку системот за видео надзор, забележал оштетување на стаклото од влезната врата на објектот.
Според досега утврденото, оштетувањето го извршило засега непознато лице, кое со удар со рака го оштетило стаклото од влезната врата.
На местото на настанот биле преземени соодветни полициски мерки, а надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, извести МВР.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
фото: МВР
Црна хроника
Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда по член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.
„Осомничениот 41-годишник од Велес со непријавено престојувалиште во Скопје, при вршење семејно насилство, со умисла телесно ја повредил неговата вонбрачна партнерка.
Додека оштетената ја подготвувала да ја однесе во градинка нивната ќерка, тој најпрво започнал вербална расправија, а потоа со лажица за облекување чевли, во повеќе наврати ја удрил во пределот на главата.
Жртвата се повлекла во спалната соба од станот, каде осомничениот насилно ја турнал на креветот, го зел нејзиниот мобилен телефон и го фрлил на подот, почнал да ја плука по лицето и со неколку удари со бокс во главата и телото и нанел телесни повреди – контузија и хематоми.
Јавниот обвинител го имаше предвид фактот дека жртвата претходно го имала пријавено осомничениот за семејно насилство, но потоа го повлекла предлогот за кривично гонење. Затоа, заради обезбедување на присуството на осомничениот во текот на кривичната постапката и особено заради заштита од понатамошни насилни однесувања кон оштетената, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, стои во соопштението на Обвинителството.

