Контакт

Црна хроника

Запленети чекови, девизи, цигари, ловечка муниција…

Објавено пред

Во текот на минатата седмица и изминатиот викенд царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стоки, при што привремено се задржани чекови, девизи, цигари, автоделови, патничко возило, ловечка муниција, маслиново масло, штавено крзно, програмабилни контролери, славини за чешми и фалсификати. Покрај тоа, откриена е и една царинска измама. 

dobivaj vesti na viber

 

Од страна на мобилните царински тимови во три одвоени случаи биле откриени 181.647 евра во банкарски чекови, 17.600 американски долари и 12 илјади евра.

 

Во првиот случај, при контрола на патничко возило со грчки регистарски таблички, со кое за излез од државата на граничниот премин Богородица се пријавиле двајца грчки државјани, привремено се задржани 181.647 евра во банкарски чекови. При детален преглед на возилото, во еден од куферите со лични работи на патниците, сместен во багажниот простор, пронајдена е мала рачна торбичка во која се откриени непријавени чекови со вкупна вредност од 201.647 евра.

 

Во вториот случај, на граничниот премин Табановце (автопат), при личен претрес на српска државјанка која управувајќи патничко моторно возило со српски регистарски таблички се пријавила за излез од Македонија, во долната облека на патничката пронајдени се 30 илјади американски долари. Личниот претрес бил извршен откако претходно, при контрола на нејзиниот багаж, во рачна чанта пронајден е документ за подигнати девизни средства од банка во Скопје.

 

Во третиот случај, на граничниот премин Јажинце, при личен претрес на македонски државјанин, кој управувајќи патничко моторно возило со косовски регистарски таблички се пријавил за излез од државата, во внатрешниот џеб од неговата јакна пронајдени се 14 илјади евра за кои не поседувал документ за потекло.

 

Согласно законските прописи, во сите три случаи, на секој од патниците им биле вратени чекови, односно ефективни девизни средства во вредност од 10 илјади евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.

 

На граничниот премин Дојран, при заедничка контрола со граничната полиција, на патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, пријавено за излез од државата, биле откриени 34 штеки цигари LD, RODEO и YORK со македонски акцизни маркички.

 

Цигарите биле сокриени во фабричките шуплини под хаубата и под пластичниот капак на филтерот на возилото, во вратите на возилото, под седиштата и во багажниот простор под личните работи на возачот.

 

На граничниот премин Деве Баир, при контрола на патничко моторно возило со бугарски регистарски таблички, управувано од  бугарски  државјанин, пријавено за излез од државата биле откриени 26 штеки цигари FILTER 57 blue 100s со македонски  акцизни маркички. Цигарите биле сокриени под и во внатрешноста на седиштата на возилото и во патните торби на возачот.

 

Во два одвоени случаи на граничниот премин Богородица пак, биле откриени 315 литри маслиново масло и 145 патрони ловечка муниција.

 

Во првиот случај, при контрола на  патничко моторно возило-комби со полски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавиле четворица полски државјани, во 35 картонски кутии, сместени во просторот за багаж на возилото, пронајдени се 420 шишиња со вкупно 315 литри маслимонво масло.

 

Во вториот случај, во соработка со припадници на Единицата за службени кучиња при МВР, извршена е контрола на  патничко моторно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин, пријавено за влез во државата. При тоа во кеса сместена пред совозачкото седиште на возилото биле пронајдени 7 пакувања со вкупно 145 патрони ловечка муниција, за која возачот не поседувал Одобрение за превоз на оружје и муниција при увоз што го издава Министерството за внатрешни  работи.

 

На царинската испостава во Гевгелија пак, откриен бил обид за избегнување на плаќање на царински давачки врз основа на погрешно декларирање на потекло на стока.

 

Фирма увозник од Скопје, пријавила за увозно царинење разни полипропиленски производи- црева, муфови и приклучоци за нив, со потекло од Грција, при што приложила уверение за движење ЕУР 1, со цел одобрување на преференцијално потекло на стоката и увозно царинење со царинска стапка од 0 отсто. При извршената физичка контрола на стоката, царинските службеници се посомневаа дека дел од истата е декларирана со погрешно потекло, поради што приложеното уверение е испратено на верификација кај грчката царинска администрација. Добиениот одговор ги потврди сомневањата на царинските службеници, поради што отфрлено е преференцијалното потекло на дел од стоката и  пресметани се дополнителни увозни давачки во износ од околу 36 илјади денари, а на увозникот му е  изречена мандатна казна за сторениот прекршок./крај/мф/бс

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Три жени пријавиле семејно насилство за 12 часа – приведени осомничени во Кисела Вода, Центар и Чаир

Објавено пред

Во текот на изминатото деноноќие, во три одделни случаи на семејно насилство, три жени пријавиле дека биле физички нападнати од нивните партнери на подрачјата на Кисела Вода, Центар и Чаир.

dobivaj vesti na viber

Во првиот случај, пријавен на 12 февруари во 17:50 часот, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со П.Л. (45) од Скопје, откако било пријавено дека во неговиот дом ја нападнал својата 48-годишна вонбрачна партнерка. Случајот се документира и ќе следува соодветна пријава.

Во вториот случај, на истиот ден во 22:00 часот, на подрачјето на Центар, полицијата го привела Н.Ј. (52) од Скопје, поради сомнение дека околу 17:00 часот физички ја нападнал својата 32-годишна партнерка. По комплетирање на доказите ќе биде поднесена пријава.

Во трет случај, на 13 февруари во 04:40 часот, 35-годишна жена пријавила дека околу 01:40 часот, на подрачјето на Чаир, била физички нападната од нејзиниот партнер Б.С. (24) од Скопје. И за овој настан ќе биде поднесена соодветна пријава по целосна документација.

Од МВР информираат дека сите случаи се обработуваат.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пронајдени коски и парче облека во Скопје, полицијата истражува

Објавено пред

На локација викана „Сулејманови ливади“ во село Горно Количани, скопско, биле пронајдени коски слични на човечки, а во близина и парче облека.

dobivaj vesti na viber

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во текот на вчерашниот ден, по што на местото излегла увидна екипа која извршила преглед.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Пешак тешко повреден на Орце Николов, возило удри во 56-годишна жена

Објавено пред

На улицата „Орце Николов“ во Скопје, 56-годишната Д.Д. од Скопје била тешко повредена откако во неа удрило патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ. (46) од Скопје.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила околу 13:00 часот, а повредите на жената биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 часа

Цвета Ристовска поднесе оставка од Антикорупциската комисија: „Никогаш немав намера да прикријам информација“

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, која ја доставила до...

Топ17 часа

Суспендирана полицајка од Кочани: се сомничи дека насилно внела колешка во возило и не ѝ дозволила да излезе

МВР поднесе кривична пријава против припадничка на полицијата од Кочани, поради сомнение за кривично дело „противправно лишување од слобода“, предвидено...

Македонија17 часа

Манасиевски: Обвинителката Кадриу сведочи дека Филипче немал ниту елаборат за струја за модуларната болница во Тетово

Членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, на денешната прес-конференција изјави дека, според сведоштвото на поранешната обвинителка Лејла Кадриу,...

Македонија18 часа

Мицкоски во Германија: Разговараме и привлекуваме реномирани светски компании кои веруваат во потенцијалот на нашата држава

Денеска во Минхен остварив работна средба со менаџментот на германскиот гигант Schwarz Group, под чија капа работат светски познатите брендови...

Македонија19 часа

(Фото) Инспекциска акција во Центар, нема да толерираме диви депонии и небезбедни напуштени објекти, порача Герасимовски

Инспекциските служби на општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало...

Македонија19 часа

По информациите за енормно загадување на водата за пиење во Струга, обвинителството оформи предмет

Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот...

Регион20 часа

(Видео) Страшна сообраќајна несреќа во Сараево: 23-годишник загина кога го удри трамвај на станица

Окружното обвинителство на Сараево денес ја продолжи истрагата за околностите околу тешката сообраќајна несреќа што се случи претходниот ден кога...

Македонија21 час

„Филипче ја составил документацијата за модуларната болница во Тетово без елаборат за електрична енергија, кој ќе сноси одговорност за техничките пропусти поради кои загинаа 14 луѓе“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Поранешниот министер за здравство Венко Филипче, бил директно инволвиран во процесот на изработка на техничката документација за модуларната болница во...

Македонија21 час

Поголем пристап до американскиот пазар, Македонија и САД усогласија рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, соопшти МНР

Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави усогласија Заедничка изјава и Рамка за договор за реципрочна, фер и балансирана трговија,...

Свет21 час

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

Високиот функционер на Пентагон, Елбриџ Колби, им порача на европските министри за одбрана во Брисел дека мора да ги зајакнат...

Свет22 часа

Рубио во пресрет на Минхенската конференција: Стариот свет повеќе не постои, време е да се стави крај на војната во Украина

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Соединетите Американски Држави интензивно работат на завршување на конфликтот во Украина, нагласувајќи...

Европа22 часа

Откриена масовна измама со билети за Лувр: Запленети 130.000 евра

Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно има вработени...

Свет22 часа

Трамп сè уште одбива да се извини за видеото на кое Обама и неговата сопруга се прикажани како мајмуни

Доналд Трамп продолжи да ги игнорира широко распространетите критики за расистичкото видео објавено на неговиот профил на социјалните мрежи минатата...

Свет22 часа

Нови е-пораки откриваат: Епстин нарачал скриени камери за куќата во Флорида

Објавена е преписка од е-мејл од 2014 година на која се гледа како осудениот сексуален престапник Џефри Епстин бара од...

Европа23 часа

Зеленски: За Трамп, прекинот на огнот во Украина е само политичка победа и прашање на наследство

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за „The Atlantic“ изјави дека претпочита да не склучува никаков мировен договор со Русија...

Регион1 ден

„Не сум магионичар“: Кос за идејата сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ одеднаш

„Живееме во геополитички чувствително време. Може да има мир во Украина и тоа ќе донесе нова реалност во Европа“, изјави...

Македонија1 ден

Касами: Собранието го разреши раководството на партијата, важен чекор кон спојување на ВЛЕН во еден субјект

Централното собрание на Движењето Беса со мнозинство гласови ја одобри одлуката за распуштање на Централното претседателство на Движењето Беса, во...

Свет1 ден

Скандал во ЕУ: полицијата упадна во просториите на Европската комисија

Белгиската полиција спроведе претрес во просториите на Европската комисија во Брисел. Станува збор за истрага за можни неправилности во продажбата...

Македонија2 дена

ССМ: Ако газдите не се одважат да дадат дел од колачот на работниците, ќе бидеме приморани секојдневно да бидеме на улица

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денес напладне ги блокираше стопанските комори во Скопје кои одбиваат да се согласат минималната...

Македонија2 дена

Трендафилов треба да ѝ се извини на Стојановска, смета Мицкоски: Со крвави зеници и белки во очите напаѓа мајки, сестри и сопруги

Ниту истраги од МВР и Обвинителството ниту одземање на имунитетот, премиерот Христијан Мицкоски смета дека претседателот на Сојузот на синдикати...