Црна хроника
Запленети девизи, злато, часовници, облека и откриени царински измами
Царинските службеници изминатата недела и викендот спречија повеќе обиди за криумчарење на стока, при што се запленети девизи, златен накит, рачни часовници, текстилни производи, медицински скалпери и модни додатоци, а откриени се и три царински измами.
На граничниот премин Табановце се откриени 12 илјади евра при личен претрес на албански државјанин, кој со автомобил со албански регистарски таблички се пријавил за излез од државата. На прашање на царинските службеници, патникот одоговорил дека со себе носи 10 илјади евра, но при личниот претрес, во неговите џебови и паричникот биле пронајдени вкупно 22 илјади евра, за кои не поседувал потврда за внесени готови пари, издадена од царински орган на Република Македонија. Согласно законските прописи, на патникот му се вратени 10 илјади евра, износ што нерезидент може слободно да го изнесе од државата.
На скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на македонски државјанин и контрола на неговиот багаж, биле откриени 1,1 килограми златен накит и 12 рачни часовници. Кај патникот, кој пристигнал со лет од Истанбул, односно во внатрешноста на неговите лични работи (чевли и панталони) и во кутија за лекови биле пронајдени повеќе кесички со накит и часовници, додека при извршениот личен претрес, во внатрешен џеб од панталоните и во џеб од неговата кошула, пронајдени биле уште неколку кесички со златен накит, меѓу кои 163 прстени, 33 алки, 33 синџирчиња, 46 приврзоци, 66 обетки, три игли за кравата и 12 рачни часовници.
На граничниот премин Деве Баир во патничко возило со бугарски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата, биле откриени 255 парчиња облека, 1.068 модни додатоци и 91 рачни часовници. Непријавената стока била пронајдена во повеќе кеси и вреќи сместени зад возачкото седиште, на задното седиште и во багажниот простор на возилото.
Во автомобил со македонски регистарски таблички што се движел на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, во близина на село Франгово, биле откриени 694 пара чорапи, за кои возачот, македонски државјанин, не поседувал документи за потекло и платени увозни давачки. Истите биле пронајдени во две картонски кутии, едната сместена на задното седиште, а другата во багажниот простор на возилото.
Исто така, откриени биле 5.000 медицински скалпели, на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените скалпели биле пронајдени во картонска кутија, сместена во багажниот простор на возилото.
Потоа 30 пластични шишенца од 10 ml со течност за електронски цигари INNOVATION FLAVOURS, откриени на царинската испостава Аеродром Скопје-отсек за стоково царинење, при контрола на стока-електронски цигари и делови за истите, со потекло од Бугарија, пријавена за увозно царинење за фирма увозник од Скопје.
Во текот на минатата недела откриени се и три обиди за избегнување плаќање увозни давачки со погрешно тарифирање на стока.
Во два случаи на царинската испостава Штип и во еден случај на царинската испостава Делчево-отсек за стоково царинење, фирма од Пехчево пријавила за увозно царинење суровина за производство на огноотпорни производи, декларирана во тарифна ознака со пропишани стапка за царински давачки од 0% и стапка за ДДВ од 18%.
Во сите три случаи, поради сомневање во правилното распоредување на стоката, земени се мостри и испратени на анализа во Царинската лабораторија. Анализите покажале дека суровината треба да се распореди во сосема друга тарифна ознака, со пропишани стапка за царински давачки од 18% и стапка за ДДВ од 18%.
Врз основа на новоутврдената тарифна ознака, пресметани биле дополнителни увозни давачки во вкупен износ од околу 483 илјади денари.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.