Црна хроника
Жена скокна од зграда во Битола

Повозрасна жена извршила самоубиство во понеделникот во Битола скокајќи од зградата кај поранешен ЈАТ, а нејзиниот идентитет сеуште не е утврден.
Жената била веднаш префрлена во болница каде што е констатирана смрт. Телото
се наоѓа во капелата на Клиничката болница кадешто ќе се чува додека да се утврде нејзиниот идентитет.
Жители кои живеат во близина кадешто е извршено самоубиството велат дека не ја познаваат жената. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведено лице од скопско поради управување возило под дејство на алкохол

Вчера во 19.00 часот во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода 47-годишниот О.Ј. од село Стајковци, скопско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
Црна хроника
Нова сообраќајка во Скопје: на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ прегазена девојка

Денеска на пешачки премин пред „Дајмонд мол“ е прегазена девојка.
„Имаме пријава утрово за сообраќајка, удрен пешак. Со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиниката за хируршки болести Св. Наум Охридски“, соопштија од МВР.
Според очевидци се работи за девојче кое минувало на пешачки премин.
Повеќе детали се најавени во текот на денот.
Црна хроника
Поради несреќа, сообраќајот на експресниот пат Штип е во прекин

Поради сообраќајна незгода од 08:10 часот сообраќајот на експресниот пат Штип, после с.Лакавица е во прекин, соопштија од АМСМ.
Како што додаваат од АМСМ, сообраќајот ќе се пренасочува по магистрален пат А4, Штип – Радовиш.