Црна хроника
Две момчиња на возраст од 21 и 16 години се шетале со пиштол и куршуми, уапсени во Јурумлери
Полицијата пронајде пиштол во возило во Јурумлери и уапси две лица од кои едниот е малолетник.
Денеска околу 08:00 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, вршејќи мотопатролна дејност на ул. „1“ во село Јурумлери, сопреле патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.(21), во кое како сопатник се превезувал 16-годишен малолетник , двајцата од Скопје.
При извршените проверки, во возилото бил пронајден пиштол „Екол“ и рамка со шест куршуми.
Лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

